ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ФЕНИКС“ - ПРИЛЕП

We've loved every minute of our journey

CAMPING FUN 2016

Од 16 до 19 Јуни, околу 30тина наши извидници заедно со креативците од АУКДМ „Креативити“ учествуваа на третиот по ред „Забавен Камп“ во организација на Извидничкиот Одред Пионер од Охрид кој се одржа во Извидничкиот Центар во Охрид. Уживавме во убавините на охридското езеро и игрите кои домаќините ги подготвија за учесниците. Некои од нашите извидници за прв пат пробаа водни дисциплини како кајакарство, качување по скалички и други нови искуства поради кои беа неизмерно среќни, но и исто така ги покажаа и своите вештини во глума и својата спретност во игрите. Доказ за тоа се трите освоени места: ДВЕ ПРВИ МЕСТА во категориите ПОСТАРИ и ПОМЛАДИ ИЗВИДНИЦИ и ТРЕТО МЕСТО во истата категорија. Како што ние добивме благодарница за учество, така и И.О. Пионер доби пофалница за успешната организација. Се гледаме на следната авантура! 
Old Prilep Municipality Bldg